Универзитет во Шефилд развива детектор за лаги на интернет

Универзитетот во Шефилд соопшти дека во соработка со неколку европски универзитети работат на детектор за лаги на социјалните мрежи кој треба да ја утврди вистинитоста на гласините на Интернет.

Универзитет во Шефилд развива детектор за лаги на интернет

Проектот наречен „Фама“ (Pheme) има за цел Интернет гласините да ги класифицира во четири типови – шпекулации, контроверзии, лажни информации кои случајно се прошириле преку Интернет и лажни информации што намерно се шират.

Новиот систем, се развива со финансиска поддршка на ЕУ, треба автоматски да ги потврдува гласините на Интернет, така што во реалното време ќе анализира дали некоја информација е вистинита или лажна.

Системот исто така автоматски ќе го категоризира изворот со процена на неговата веродостојност со наведување дали станува збор за медиум, новинар, очевидец.

На проектот соработуваат пет универзитети – Шефилд, Ворвик, Кингс колеџ во Лондон, Сарланд во Германија и Модул во Виена, како и четири компании – Атос во Шпанија, иХуб во Кенија, Онтоџет во Бугарија и швајцарската Свисинфо.