Универзален периодичен преглед – Работилница за млади

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Македонија во петок ( 11 јули) ја најавуваат двочасовната работилница за време на која ќе биде претставен Универзалниот периодичен преглед (УПР) – механизам преку кој се испитува почитувањето на човековите права во сите 193 земји членки на Обединетите нации.

Хелсиншки комитет

Главна цел на работилницата е запознавање на младите со процесот на УПР и нивно активно вклучување во промоција на спроведувањето на препораките упатени кон Македонија. Настанот ќе се одржи во просториите на Хелсишкиот комитет , од 15 до 17 часот. На учесниците кои не се од Скопје ќе им бидат платени патните трошоци во висина до цената за повратен билет за автобус или воз од нивното живеалиште или престојувалиште.

Сите заинтересирани треба да го пријават своето учество на helkom@mhc.org.mk или телефонски на 02 3119 073.

На работилницата свои  презентации ќе имаат Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншки комитет, Воислав Стојановски, правен советник, Хелсиншки комитет, Нада Наумовска, координатор во Фондација отворено општество – Македонија, Наташа Бошкова, адвокатка, претставник на Коалиција „Сексуални и Здравствени права на маргинализирани заедници“ и Марија Гелевска, заменик извршна директорка, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.