Уништеното дело на Бенкси повторно на аукција

Слика на уличниот уметник Бенкси, која се самоуништи откако беше продадена на аукција, повторно ќе биде понудена на јавна лицитација.

Делото потоа доби ново име по уништувањето „Љубовта е во корпа за отпадоци“, а сега тоа е ставено на аукција во Октомври. Делото се очекува да достигне цена помеѓу 4 и 6 милиони.

Артистот го шокираше уметничкиот свет во 2018 година кога неговото дело „Девојка со балон“ се самоуништи по крајот на аукцијата, откако беше продадена за 1,1 милион фунти. Платното падна низ секач сместен во рамката на сликата расекувајќи го на мали парчиња долниот дел од сликата и оставајќи го само црвениот балон осамен во неуништениот дел.