УНИЦЕФ: Шокантно ниво на напади врз деца во конфликтните зони

Детскиот фонд на Обединетите Нации, УНИЦЕФ, соопшти дека нападите врз деца во конфликтните зони низ светот достигнале „шокантни“ нивоа во 2017 година.

Во нивниот нов извештај тие наведуваат дека постои широко и отворено игнорирање на меѓународното право кое го заштитува најранливото население.

Директорот на УНИЦЕФ, Мануел Фонтејн вели дека децата се мета во нивните домови, училишта и на игралиштата, додавајќи дека таква бруталност „не може да стане нова нормалност“.

Источен Либан, јуни 2017 година ФОТО: UNICEF/Ibarra Sánchez

Извештајот посочува неколку зони на конфликт за кои е наведено дека минатата година децата трпеле големи злосторства:

  • Во Централноафриканската Република деца биле убивани, силувани, киднапирани и регрутирани од вооружени групи во драматично зголемено насилство.
  • Исламистичките милитанти од Боко Харам принудиле 135 деца во североисточна Нигерија и Камерун да служат како бомбаши самоубијци, што е скоро пет пати поголема бројка од 2016 година.
  • Муслиманските деца Рогинги во Мијанмар трпеле „шокантно и распространето насилство“ додека биле отстранувани од своите домови во провинцијата Ракине.
  • Во Јужен Судан, повеќе од 19.000 деца биле регрутирани како вооружени сили и вооружени групи.
  • Во борбите во Јемен најмалку 5.000 деца загинале или се повредени според официјални бројки, додека очекувано е вистинската бројка да биде многу повисока.
  • Во источна Украина 220.000 деца живеат под постојана закана од мини и други направи кои не експлодирале кои се останати од војната.

„Децата се цел и изложени се на напади од брутално насилство во нивните домови, училишта и игралишта. Како што од година во година овие напади продолжуваат, ние не можеме да бидеме неми. Таква бруталност не смее да стане нова нормалност“, вели директорот Фонтејн.

Извештајот прикажува и дека на одредени места децата кои се киднапираат од екстремистички групи трпат дополнителна злоупотреба кога се ослободуваат од безбедносните сили.

Доњецк, Украина, април 2016 година ФОТО: UNICEF/Filippov

Уште милиони деца се жртви на неухранетост, болести и трауми кога пристапуваат до вода, храна, санитација, а здравјето се штити со борба, наведуваат од УНИЦЕФ.

Околу 27 милиони деца во зоните на конфликт се принудени да не одат во училишта.

„УНИЦЕФ ги повикува сите страни од конфликтите да се придржуваат до нивните должности според меѓународното право и веднаш да престанат со насилството кон деца и таргетирање на цивилна инфраструктура, помеѓу кои и училишта и болници. УНИЦЕФ исто така ги повикува државите кои имаат влијание врз страните во конфликтите да го искористат нивното влијание за заштита на децата“, се додава во извештајот.