УНИЦЕФ ја создаде „Софија“ користејќи фотографии на вистински деца од конфликт

Во моментов има 250 милиони деца во светот кои живеат во земји погодени од конфликт, а половина од 19,5 бегалци на глобално ниво се деца. Новата кампања на УНИЦЕФ има за цел да го сврти вниманието кон нив, фокусирајќи се на едно.

УНИЦЕФ во Шведска создаде ја создаде „Софија“, 3Д-анимирано дете за кое биле искористени 500 фотографии на вистински деца од земји со конфликт. Сликите се обезбедени од  Getty Images, додека визуелниот партнер на кампањата и аниматорите на филмовите „Planet of the Apes“ и „Avatar“ соработуваа со креативната агенција „Еделман Депортиво“ за да го создадат нејзиниот лик.

„Ја направивме Софија за да им дадеме лице на сите деца кои не се видливи за нас“, вели Пер Бестберг, извршен директор на УНИЦЕФ Шведска.

„Софија е симбол за сите деца без родители, сите деца кои биле принудени да ги напуштат своите домови поради конфликти, кои престанале да растат поради недостаток на исхрана и кои сонуваат да одат на училиште“.

УНИЦЕФ се одлучи да го наречат детето Софија, бидејќи ова се смета за најпопуларно име низ светот, минатата година.

Анимацијата објавена оваа недела го одбележа првото, од трите видеа на пролетната кампања #FörSofia.