УНИЦЕФ: Боко Харам киднапирал над 1 000 деца во Нигерија од 2013 година

Припадници на екстремистичката организација Боко Харам во Нигерија од 2013 година, па досега, киднапирале повеќе од 1.000 деца, се наведува во соопштението на Детскиот фондот на ОН (УНИЦЕФ).

Меѓу нив се и 276 девојчиња киднапирани од еден интернат во 2014 година. Некои од нив успеале да побегнат, некои се пуштени по преговори, но се уште околу 100 деца се заробени и се верува дека биле принудени да се венчаат со припадници на Боко Харам.

УНИЦЕФ додава дека во нападите на Боко Харам, терористичка група која се противи на западниот стил на живот и на школување, убиени се и 2.295 просветни работници и уништени се повеќе од 1.400 училишта.