УНХЦР: Половина од децата бегалци во светот се надвор од училиштата, Ковид-19 закана и за образованието на бегалците

Доколку меѓународната заедница не преземе итни и храбри мерки за да возврати на катастрофалните ефекти на Ковид-19 врз образованието на бегалците, понатаму ќе се намалат можностите да се искористи потенцијалот на милионите млади бегалци кои живеат во едни од најранливите заедници на светот, реагираат од УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци.

Според вкупните бројки на уписи во училишната 2019 година од дванаесет земји, половина од децата бегалци во светот веќе се надвор од училиштата.

Додека основните училишта бројат 77% запишани, само 31% од младите продолжуваат во средно училиште. На нивото на високо образование, се запишуваат само 3% млади бегалци.

„По сè што поминале, не можеме да им ја земеме иднината со тоа што ќе им го одземеме образованието денес. И покрај огромните предизвици на пандемијата, со поголема меѓународна поддршка за бегалците и заедниците кои ги прифатиле, можеме да ги прошириме иновативните начини за да гизаштитиме критичните придобивки во образованието на бегалците од последниве години“, вели Филипо Гранди, Високиот комесар на ОН за бегалци.

Сепак, далеку зад глобалните просеци, овие статистики сепак претставуваат напредок. Во средно училиште бројот на новозапишани деца бегалци е зголемен за десетициилјади; со 2% пораст само во 2019 година.

Но, ситуацијата е сериозна закана за девојчињата бегалки. Според податоците на УНХЦР, Фондот Малала проценува дека половина од девојчињата бегалки одсредноучилишна возраст нема да се вратат во клупите штом повторно се отворатучилниците месецов.

Приспособувањето на ограничувањата наметнати од Ковид-19 е особено тешко за 85% од бегалците во светот кои живеат во помалку развиени или земји во развој. Мобилните телефони, таблети, лаптопи, добра мрежа, дури и радио сетови, често не се достапни за раселените заедници.

„Пред пандемијата, веројатноста да не посетуваат училиште беше двојно поголема за децата бегалци отколку за децата кои не се бегалци. Како што стојат работите – многу од нив нема да можат да продолжат со учење поради затворените училишта, неможноста да си ги дозволат уплатите, униформите или книгите,  едостапноста на технологии или бидејќи треба да работат за да го издржуваат своето семејство“, се вели во извештајот.

Од УНХЦР посочуваат дека без зголемена поддршка, ќе се загубат стабилните и тешко стекнати придобивки во однос на уписите во училиштата, универзитетите и техничките и стручни образовниустанови – во некои случаи и трајно – со можност да ги загрозат напорите да се обезбеди инклузивно и еднакво достапно квалитетно образование за сите.

„За првпат во учебната 2019/2020г. седум деца баратели на азил од Сирија, Авганистан и Пакистан се запишаа во основно образование на македонски јазик во локално училиште во Скопје. УНХЦР обезбеди и ќе продолжи да обезбедува поддршка за училиштето што, заедно со родителите и децата, широкоградо ги прифати седумте деца. Ова е одличен пример за инклузија на лица што бегаат од конфликт, кои во Северна Македонија нашле место што можат да го наречат свој дом и место во кое можат да придонесат“, велат од УНХЦР.