Унгарскиот премиер се заканува со градење работни логори за имигрантите

Десничарскиот националист, Виктор Орбан се заканува дека ќе го прекрши европското законодавство и ќе започне анти-имигрантски манифест повикувајќи на градење на интернатски логори за илегални имигранти, пренесува Гардијан.

Премиерот на Унгарија исто така ја обнови неговата репутација како главниот одметник на ЕУ, со анти-имиграцискиот манифест кој ги изедначува имигрантите со терористи, вели дека имигрантите ја земаат работата на Унгарците, препорачува интернатски кампови за нив каде ќе бидат присилени да работат.

Упорниот критичар на ЕУ, Орбан, кој како идол го има претседателот на Русија, Владимир Путин, реагираше на убиство на жена во јужна Унгарија во вторникот, со повик за преиспитување на драконските мерки кои се забранети од ЕУ, пишува Гардијан.

„Смртната казна треба да биде ставена на агенда на Унгарија. Унгарија нема да запре додека не ги заштити своите граѓани“, вели тој.

Унгарија ја укина смртната казна откако ова беше наложено од ЕУ, по колапсот на комунизмот во 1989 година. Официјални лица на ЕУ од Брисел предупредија дека враќањето на смртната казна би можело да направи ограничувања за правата и овластувањата на Унгарија во ЕУ.

Фидес партијата на Орбан е во сојуз со германската владејачка партија на демохристијани и други мејнстрим централно-десничарски партии во Европскиот парламент. Во средата имаше повици за тие да бидат протерани од групацијата.

Извор: Гардијан