Унгарија воведува 400 часа прекувремена работа во годината, работниците на протест

Унгарскиот парламент усвои нов закон за работни односи, коj опозицијата и синдикатите гo опишаа како „робовски”.

Со новите измени, компаниите можат да бараат до 400 часа прекувремена работа годишно и да го одложат плаќањето за три години.

Ова ги поттикна граѓаните да излезат на протест пред парламентот, при што полицијата употреби солзавец против нив.

Опозициските пратеници бурно реагираа, свиркајќи и одолговлекувајќи го процесот на гласање.

Тие, исто така, беа лути поради второто гласање за создавање на нов систем на административни судови контролирани од министерот за правда, за што критичарите стравуваат дека нема ќе се наруши судската независност.

Претседателот на парламентот, кој не можеше да стигне до своето место, беше принуден да ја отвори сесијата стоејќи. И покрај нарушувањето, мнозинството во парламентот на премиерот Виктор Орбан ја протурка промената.

Претходно, граѓаните протестираа за зголемување на минималните пласти, наместо зголемување на прекувременото работење.

Законот порано им дозволуваше на компаниите да бараат максимум 250 часа прекувремена работа во годината.

Но, за некој што работи осум часа, новиот износ од 400 часа е еквивалент на еден час дополнителна работа секој ден, дополнителна работа секоја недела, или 50 дополнителни денови секоја година.

Владата, сепак, тврди дека реформата за работната сила ќе биде во корист на работниците, како и на компаниите кои треба да го пополнат недостатокот на работна сила.

„Мораме да ги отстраниме бирократските правила, така што оние што сакаат да работат и да заработат повеќе можат да го сторат тоа”, рече премиерот Виктор Орбан за време на дискусијата пред гласањето.