Унгарија ќе гради втора ограда на српската граница поради мигрантите

Унгарија планира да постави втора ограда на српската граница со цел да им оневозможи нов бран мигранти кон оваа држава, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Како што јавува Ројтерс, Орбан изјавил дека новата ограда ќе биде направена покрај постоечката, со што ќе се засили оббраната на земјата како одговор на менувањето на турската политика кон мигрантите.

„Во тек е техничко проектирање за посолиден заштитен систем со постоечкиот кој успеавме брзо да го изградиме мминатата година“, изјави Орбан.

Тој додава и дека Унгарија мора да се подготви ако има нов договор меѓу Турција и ЕУ во однос на запирањето на балканската рута за мигрантите.

„Потоа, ако не функционира со убаво, ние ќе треба да ги сопрме со сила и ќе го сториме тоа”, рече Орбан.

Жичената ограда изграден по должината на јужната граница на Унгарија со Србија и Хрватска имаше голем ефект во однос на намалувањето на токот на мигранти кон Унгарија. Лани, стотици илјади имигранти стигнаа на Балканот, упатувајќи се кон северна Европа.

Орбан најави и дека Унгарија исто така ќе го зголеми своето присуство на полицијата на 47.000 од 44.000 полицајци, од кои 3.000 ќе бидат постојано распоредени на јужната граница.

Тој, исто така, рече дека во интерес на Европа е да работи со Турција и да се договорат за прашања кои и служат на безбедноста на Европа.