Унгарците гласаат на референдум за прифаќање на мигрантските квоти на ЕУ

Луѓето во Унгарија денес гласаат на референдум за тоа дали ќе се прифатат задолжителните квоти на ЕУ за релокација на мигранти. Десничарскиот премиер Виктор Орбан се противи на плановите да се преселат вкупно 160.000 мигранти низ целиот блок.

Според планот, објавен по минатогодишната криза со мигранти, Унгарија ќе добе 1.294 баратели на азил. Анкетите покажуваат силна поддршка за отфрлање на овие квоти. Но, за да биде валиден, одѕивот треба да биде повеќе од 50 отсто од гласачите.

Во текот на мигрантската криза, Унгарија стана транзитна држава на балканската рута кон Западот во Германија и други дестинации на ЕУ.

Во обид да го запрат приливот, Унгарија ја затвори границата со Србија и Хрватска. Мерката беше популарна дома, но критикувана од организациите за човекови права.

Прашањето на референдум ќе гласи: „Дали сакате Европската унија да биде во можност да го наложи задолжително преселување на неунгарските граѓаните во Унгарија, дури и без одобрение на националното собрание?”

Во декември Унгарија поднесе судска постапка против планот на ЕУ. Во телевизиско интервју во четвртокот, Орбан рече: „Ако има повеќе ‘не’ гласови од ‘да’, тоа значи дека Унгарците не го прифаќаат правилото што бирократите на Европската комисија сакаат да ни го наметнат.”

„Колку повеќе мигранти има, толку е поголем ризикот од тероризмот”, додаде тој, според извадоците објавени од страна на новинската агенција Ројтерс.

Предлогот на ЕУ беше со цел да се олесни притисокот врз Грција и Италија, главните точки на влез за мигранти и бегалци во блокот. Но, Орбан ја поврзува миграцијата со тероризмот, како и за разредување на Европската христијанската култура.

Тој предлага сите мигранти да се стават во огромен бегалски камп во Либија, од кој тие ќе можат да се пријават да дојдат во Европа. Неговата политика се покажа популарна во Унгарија. Неговата партија Фидес повторно ги доби гласачите што ги изгубиле.

Фидес и опозициската националистичка партија Јобик се за “не“. Некои опозициски партии предлагаат бојкот, други предлагаат да се помиштуваат гласовите. Малата Либералната партија, пак, ги повика луѓето да гласаат “за”.

За да биде валиден референдумот, повеќе од 50 отстоод 8,3 милиони гласачи во Унгарија треба да дадат валиден глас.