УНЕСКО: Повеќе од 63 милиони девојчиња не одат во училиште

Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) соопшти дека над 63 милиони девојчиња, во над 200 земји ширум светот не одат во училиште и се секогаш првите што ги исклучуваат од образованието.

Доколку ваквиот тренд продолжи, речиси 16 милиони девочиња на возраст меѓу шест и 11 години никогаш нема да добијат можност да тргнат во основно училиште и да научат да читаат и пишуваат, во споредба со осум милиони момчиња, се вели во извештајот, објавен по повод Меѓународниот ден на жените, 8 Март.

Од УНЕСКО велат дека нерамноправноста меѓу половите и натаму е најзастапена во арапските земји, во потсахарска Африка и јужна и западна Азија.

„Девет и пол милиони девојчиња никогаш нема да стапнат во училница, наспроти пет милиони момчиња, стои во извештајот.