Со симболично поставување на камен темелник за новата градинка „8ми април“, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ја почна изградбата на новиот објект во вредност од 700.000 долари, обезбедени од Владата на Кралството Новешка.
„Презадоволни сме што имавме можност да се вклучиме и да помогнеме во овој многу важен проект за заедницата каде што децата се соочуваат со реален ризик да бидат изоставени во образовните достигнувања и животните можности уште од најмала возраст, истакна Амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санс Бјорнштанд.
Градинката изгоре до темел минатата година, а додека се чекаше нејзината обнова родителите ги чуваа дома своите деца или ги носеа во адаптираните простории на средното општинско училиште.
Градинката која изгоре во Шуто Оризари сè уште руина – надлежните велат дека обновата тече
Проектот го реализира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и Општина Шуто Оризари. Планирано е изградбата да биде финализирана до март, 2019 година.