Unbound – Instagram мини-серија за последниот албум на Дејвид Боуви

Серијата Unbound, базирана на албумот на Blackstar на Дејвид Боуви, ќе почне да се емитува оваа недела, а претставува „визуелна интерпретација“ на албумот.

Тави Гевинсон и Патриша Кларксон ќе играат во серијалот од 16 епизоди, кој ќе се емитува на социјалната мрежа Instagram.

Серијалот е напишан и режиран од Каролин Сесилија и Ники Борџ. Боуви им ја дал музиката од неговиот 28-ми албум пред да почине, за да ја напишат серијата „без ограничувања или било какви услови од негова страна“.

Серијата „ќе ја одведе публиката на патување со евоцирачки слики инспирирани од чувствата кои ги буди музиката, стиховите и уметноста на албумот“, додаваат.

Извор: Guardian