Уметникот Зоран Попоски награден во САД

Македонскиот ликовен уметник Зоран Попоски е добитник на престижната меѓународна награда Артслант, во категоријата нови медиуми.

Жирито составено од врвни галеристи од Њујорк му ја додели наградата на Попоски за неговото глич-гиф дело „Борач” (2016), базирано врз негов цртеж од серијата Теорија којшто е базиран врз мурал на Делакроа.

Артслант е водечка светска уметничка мрежа со седиште во Њујорк.

Наградата за Попоски доаѓа по неговото претходно успешно претставување годинава на уметнички саеми во Хонг Конг, Словенија и Америка.

Тој е единствениот македонски уметник добитник на оваа награда.