Уметникот Симон Калајџиев со награда од Американското здружение за архитектонски илустратори

Македонскиот ликовен уметник Симон Калајџиев оваа година ја доби наградата „Architecture in Perspective“ од Американското здружение на архитектонски илустратори за неговата панорама на Токио.

Тој објаснува дека оваа награда, заедно со меѓународната награда „The Architecture Drawing Prize“ на Светскиот фестивал за архитектура се двете најпрестижни светски меѓународни награди во сферата на архитектурата.

Целосната панорама

„Во 2018-та бев меѓу десетте најдобри на Светскиот фестивал за архитектура со цртеж од птичја перспектива на само еден дел од централно Токио. Следната година почнав да работам на панорама на цело Токио, желба која ја имав подолго време, а се оствари со поддршка на компанијата во која работам. Никен Секеи е најстарата и најголемата архитектонска компанија во Јапонија, и постои повеќе веќе 120 години. На некој начин, оваа панорама која опфаќа многу од најславните градби изградени од Никен Секеи, го одбележува 120-годишниот јубилеј од постоњето на компанијата. Всушност, ова дело моментално е во процес на поставување во лобито на седиштето на Никен групацијата во Токио“, вели Калајџиев за Радио МОФ.

Панорамата на уметникот има димензии 3.5 метри на 50 сантиметри, а целата површина е исполнета со многу ситни детали.

Изработката на панорамата траела околу четири месеци, паралелно со работење и на други проекти.

Цртежот на Калајџиев е изложен на изложбата на наградените дела, која оваа година за првпат е виртуелна и достапна за сите.  Тој може да се види на вториот кат од поставката „Токио Панорама“.

Панорама, детал

И.С.