„Уметникот и јас“ – изложба на ученички дела за Светскиот ден на музеите

По повод Светскиот ден на Музеите – 18 мај, во Националната галерија на Македонија, Даут пашин амам, од 12 часот ќе биде отворена изложбата „Уметникот и јас “.

Ќе бидат изложени дела на различни старосни групи деца од неколку скопски забавишта, основни и средни училишта кои изминатите две недели беа учесници на ликовната работилница „Уметникот и јас“.

Тие преку свои видувања ги претставија мотивите од постојаната поставка на Националната галерија на Македонија во Даут пашиниот амам.