„Уметникот е мртов“- краток филм на студентите од ФДУ

„Уметникот е мртов“- краток филм на студентите од ФДУСтудентите од втора година на Факултетот за драмски уметности – Скопје, под менторството на професорите Данчо Чеврески и Синоличка Мелес Трпкова, го направија краткиот филм „Уметникот е мртов“.

Фимот е во режија на Милош Б. Андоновски, а во него играат Васко Костовски, Никола Кузелов, Талија Настова, Мирко Голомеов, Симона Димковска, Мартин Манев, Христијан Поп – Симонов, Ангела Стојановска, Бобан Кулески.

Камерата е на Кристијан Караџовски, а монтажата на Михаил Димитров.

Во продолжение погледнете го краткиот филм на студентите од катедрата за драмски актери на ФДУ.