Уметник трансформира евтини слики додавајќи им ликови од поп културата

Dave Pollot е софтверски инженер кој за себе вели дека „ги поминува ноќите со пиво во едната рака и четка за сликање во другата“.

Pollot им дава нов изглед на старите евтини слики кои можат да се купат во продавниците за сувернири, сликајќи врз нив ликови од познатите филмови и стрипови.

На пејзажите од крајбрежја и планини можат да се видат познати ликови како Darth Vader, Groot, Mario и Gizmo.

„Пред да почнам да ги пренаменувам старите, фрлени евтини слики, сликав „посериозни“ слики од архитектура и пејзажи“, пишува Pollot својата веб страница. „Иако уживав во тоа, сфатив дека многу брзо ми здодеваат. Поради тоа, завршував само три слики годишно. Но, да се вдахне живот во стара уметност носи поинтересни предизвици со секое ново дело. Се трудам да направам моите „додатоци“ да изгледаат како да биле таму целото време“.

Pollot вели дека целта на неговите дела е да бидат хумористични, и дека само сака луѓето да најдат задоволство во неговата работа.

„Во свет преполн со сериозни прашања, само се обидувам да им овозможам на гледачите да се смеат, додека самите го создаваат наративот на нова слика со масло на платно додадена врз некое старо, напуштено парче на американска култура“.

Извор: Mashable