Уметник постави ѕид околу ѕвездата на Доналд Трамп на Холивудската патека на славните

Уметникот, познат под псевдонимот Plastic Jesus, постави импровизиран ѕид со бодликава жица околу ѕвездата на Доналд Трамп на Холивудската патека на славните. Минијатурниот ѕид, според некои минувачи, е поставен во вторникот, а на него пишува „Престанете да ги правете познати глупавите луѓе“.

Оваа герила акција, доаѓа откако Трамп и официјално стана кандидат за претседател на Републиканската партија. Претходно, во своите говори отворено зборуваше за тоа дека би изградил ѕид на границата со Мексико, за да го спречи напливот на имигранти.

Уметникот на Твитер напиша:

„Изградив и платив за ѕидот сам, без мексикански пари“.