Уметник обвитка поранешна пошта во Берлин со илјадници љубовни писма

Германскиот современ уметник HA Schult често создава дела од отпадот на луѓето, создавајќи огромни инсталации кои се истакнуваат во секојдневниот живот, спротивставувајќи се на масовниот консумеризам на западното општество.

Во неговата претходна инсталација, тој направи илјадници фигури со големина на човек, користејќи конзерви, регистарски таблички и шишиња за сок.

Во неговата 2001 инсталација наречена „Зграда од љубовни писма“ наместо остатоци, искористи писма со љубовни пораки за да ја покрие фасадата на поранешна пошта во Берлин. Тој претходно распиша повик за љубовни писма, со акцент на модерниот германски романтизам и потсетувајќи на времето пред да постои електронската пошта.

Неговиот проект доби огромна поддршка од јавноста што резултираше со 150 000 писма, напишани за саканите личности.

Околу 35 000 писма во најразлични бои биле употребени за да се покријат надворешните ѕидови од зградата, додека останатите 115 000 биле поставени внатре.