Уметник купил разурната банка за еден долар и ја претворил во „банка за уметност“

Иако оваа банка од 20-тите години изградена на чикашкиот South Side, која одамна немала покрив, изгледало дека мора да биде урната. Уметникот и жител на Чикаго Theaster Gates имал поразлична идеја.

Gates ја купил старата банка со површина од 1858 метри квадратни за само еден долар од градот Чикаго, и започнал со неверојатната реставрација. Месецов, за време на Архитектонското биенале на Чикаго, вратите на реновираната банка биле повторно отворени, а јавноста можела да ја посети новата Stony Island Arts банка. Иако изградбата е готова, неколку детали кои сведочат за долгата историја на банката, како излупената боја на ѕидовите и оштетените плочки биле намерно задржани, за да ги спојат минатото и сегашноста.

 

Stony Island Arts Bank сега е место кое гордо се спротивставува на конвенционалното. Јавната штедилница и банка која е затворена уште од 80-тите сега е претворена во уметнички центар од светска класа.

„Ваквите проекти бараат верба повеќе од финансии“, вели Gates. „Ако нема некој вид на верба, мотивација и критичка агрегација од луѓето кои веруваат во тебе во проект како овој, не може да се случи. Градот започнува да сфаќа дека можеби има други начини на размислување освен повратна инвестиција и финансиска добивка“.

Извор: Colossal