Уметник ја „изгради“ Вавилонската кула со милиони фотографии од голи човечки тела

Анџело Муско поминал четири години патувајќи низ светот и фотографирајќи голи модели, за на крај да ги „нареди“ една врз друга во копија на Вавилонската кула.

Милиони голи тела ги формираат столбовите и сводовите на замислената вавилонската метропола, наречена „Светилиште“ (Sanctuary). Имало толку многу засебни уметнички дела инкорпорирани во неговото дело, што и самиот Муско признава дека не може да води сметка за сите.

„Невозможно е да се разбере вкупниот број, кога секој центиметар е пополнет на ова дело со големина од 11 метри. Навистина изгубив мерка“, вели.

За да ги фотографира човечките тела кои ја сочинуваат секоја структура од неговото замилено архитектонско дело, тој патувал во Њујорк, Буенос Аирес, Лондон, Берлин и Наполи. На тој начин ги „споил“ луѓето од сите страни на светот во оригиналната приказна од Стариот завет.