Уметник ги пополнува дупките на улиците во Чикаго со мозаици и цветови

Уметникот Jim Bachor продолжува со своите „герила“ обиди во справување со дупките на улиците низ Чикаго кои ги пополнува со мозаици со цветови. Во текот на оваа есен , уметникот направи 4 нови мозаици, во периодот додека надворешните временски услови ја дозволуваат неговата работа.

Претходно годинава Bachor ги „крпеше“ дупките со мозаици на кои пишуваше „дупка“ односно „pothole“. Неодамна тој ја имаше својата нова изложба на мозаици во насловена „Jentaculum”.