Уметниците со хуманитарна изложба за поплавените

80 уметници ќе донираат свои дела на продажната хуманитарна изложба за настрадните од поплавите. Настанот ќе се одржи вечерва во 20 часот во кафе-барот „Концепт 37“, кој се наоѓа на улица Рузвелтова. Собраните финансиски средства од продажбата на делата ќе бидат наменети за помош на луѓето кои беа погодени од поплавите во саботата.

Настанот и учесниците се организирани преку социјалните мрежи. Најавено е учество на сликари, графичари, цртачи, писатели и дизајнери на накит од повеќе македонски градови.

Дел од уметниците кои ќе учествуваат се Дороти Пачкова, Јана Јакимовска, Ивана Настески, Ана Миланова, Ана Јовковска, Ем Елефантски, Александра Зиновски-Вилиќ, Лора Соколова, Маја Џеповска, Ана Петровска, Калина Игновска, Билјана Бинчев, Маја Чанкуловска, Натали Николовска, Дијана Томиќ, Симонида Филипова Китановска, Маја Јаневска, Ана Јовановска, Ханис Багашов, Ненад Тонкин, Љубиша Камењаров, Ване Костуранов, Тони Димитров, Урош Вељковиќ, Никола Пијанманов, Ѓорѓе Јовановиќ, Иван Шопов, Сашко Илов-Дете, Владимир Лукаш и други.