На прв поглед изгледа како вообичаена сцена на деца кои си играат на клацкалки, но локацијата каде го прават тоа е сè само не вообичаена. Розовите клацкалки се поставени на ѕидот кој ја означува границата која ги дели Соединетите Американски Држави и Мексико.
Идејата е децата од двете страни на границата да си играат помеѓу себе.
Уметничката инсталација е дело на Роналд Рел, професорот по архитектура од Универзитетот на Калифорнија и Вирџинија Сан Фратело, вонреден професор по дизајн на Универзитетот од Сан Хозе. Овој проект го развиле уште во 2009 година, како концепт „Граничен ѕид како архитектура“ кој користи „хумор и инвентивност за да се посочи бескорисноста на градење бариери“.
Десет години подоцна нивниот концепт станал реалност.
„Овој ѕид стана буквален центар на клацкалката на односите меѓу САД и Мексико и децата и возрасните кои се поврзани на двете страни покажуваат дека активностите кои се случуваат на едната страна имаат директни последици на другата страна“, напиша професорот Раел во објава на Инстаграм.