Уметници од Берлин ги покриваат свастиките низ градот со хумористични графити

Група млади од Берлин со уметност се борат против нео-нацизмот, цртајќи смешни и досетливи графити врз сватиките нацртани по ѕидовите.

„Одамна се мислевме како да одговориме на ваквата омраза, но потоа сфативме дека мора да одговориме со хумор и љубов“, вели локалниот графити уметник Ибо.

Тој е сопственик на графити шоп Ибо, и зачетник на кампањата, која ја нарекува Пејнтбек.

Во својата продавница, тој држи обуки за улична уметност.

Врз кукастите крстови, неговите ученици наоѓаат начин да нацртаат нешто наивно, понекогаш и смешно: глава од зајак, куќа, мува…

Групата вели дека откако почнале со „поправките“, се појавуваат сè помалку нео-нацистички знаци на ѕидовите во главниот германски град.

Додаваат и дека ќе продолжат со својата акција додека во Берлин не може да се види „ниту една свастика“.