Уметничка изложба „Feel It Digital“ во недела во Концепт 37

Во недела (26 јуни) во арт-кафулето Концепт 37 ќе се отвори уметничката изложба „Feel It Digital” на уметникот Giga Kobidze’s од Тбилиси, Грузија.

Гига е мултидисциплинарен талентиран креативец , специјализиран за сценографија, илустрација, дигитална уметност и фотографија. Тој го визуелизира животот, луѓето, околностите и сеќавањата на еден суров, автентичен, малку драматичен начин. Во моментов, Гига го води одделот за дизајн во компанијата Сингулар.

Присутните ќе имаат можност да купат од претставените 17 експонати, печатени на платно со А1 големина, а сите средства ќе бидат донирани за реновирање на лабораторија на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Изложбата ќе биде отворена во 19:00 часот и ќе продолжи до доцна заедно со музика од диџеј Горан Кан. Изложбата е овозможена од интернационалната компанија за развој на софтвери Сингулар и кафулето Концепт 37.