Уметничка инсталација во Турција – 440 пара женски чевли за 440 жртви на семејно насилство

Околу 440 пара женски чевли висат на два ѕида во населбата Кабаташ во областа Бејоглу во Турција. Тие ги претставуваат жените жртви на семејно насилство. Автор на уметничката инсталација е Вахит Туна.

„Сакавме секој што минува покрај патот да ја види (уметничката инсталација). Затоа не сакавме да бидеме домаќини на изложбата во затворен простор“, вели Туна за турските медиуми.

Чевлите ќе бида привремено изложени и немаат комерцијален мотив.

„Она што го прави овој проект е дека ја зголемува свеста за убиствата на жените и го материјализира овој проблем како скулптура или споменик. Оваа работа ќе остане тука шест месеци “, истакна тој.

Околу 440 жени беа убиени во Турција во 2018 година, според платформата „Ќе го сопреме фемицидот“.

Бројот на убиени жени во 2017 година беше 409, според претходниот извештај објавен од истата организација.