Уметничка група привремено ќе го врати Берлинскиот ѕид

Главниот град на Германија го враќа својот озогласен Берлински ѕид на еден месец.

Група уметници објавија дека планираат да направат копија од ѕидот околу центарот на Берлин во средината на октомври.

Германија беше поделена на две земји по Втората светска војна. Оригиналниот ѕид бил изграден од комунистичка Источна Германија во 1961 година за да ги задржи своите луѓе од патување во Западна Германија.

Уметниците се фокусираат на создавање искуство за патување во странство и губење на чувството за слобода. Билетите што посетителите ќе ги купуваат за уметничката инсталација ќе се викаат „визи”.

Ѕидот ќе има платформи преку кои ќе може да се ѕирне во Берлин, спротивно на платформите од Студената војна кога луѓето од Западен Берлин ѕиркале во Источен Берлин.

ДАУ, уметничката група која е автор на проектот, вели дека сака да дистрибуира 1.500 до 3.000 „визи” дневно.

При влегувањето во зградата, посетителите ќе ги заменат своите мобилни телефони со паметен телефон кој ќе обезбеди инструкции за турата која вклучува документарци, експонати и концерти.

Посетителите нема да знаат однапред какви настани ќе се случуваат на денот кога ќе бидат во „градот во градот”, како што се нарекува проектот.

Настанот ќе се случува на булеварот „Унтер ден Линден“ во центарот на градот и ќе биде вклучена зградата на Државната опера. Уметниците чекаат конечно одобрување од властите за нивниот проект.

Ѕидот би се срушил на 9 ноември, 29 години по падот на оригиналниот Берлински ѕид.