Уметничка акција со еколошка цел – уметник почна проект за пошумување на планина во Италија

Шпанскиот уметник Ескиф работи на уметничка, но во исто време и еколошка мисија. Тој сака да ја пошуми планината Оливела која се наоѓа на јужниот дел од Италија бидејќи масовната сеча што се случила пред неколку века, денес предизвикува хидрогеолошка несигурност во регионот. Импресивната уметничка интервенција насловена „Диши – време е за полнење“, вклучува симбол од ненаполнета батерија, која полека би се надополнувала благодарејќи на 5 000 автохтони дрвја. Ова претставува едно од најголемите уметнички дела во Европа.

Лоцирана во Сапри, јужна Италија, планината била делумно опустошена во 1700 година при што се создаде хидрогеолошка несигурност. Тоа, пак, е поврзано со поплавите во овие региони.

Проектот вклучува засадување 2 500 стебла јавор и 2500 дабови. Првата фаза е закажана за септември, 2017 година. Со текот на времето, локалците ќе може да гледаат како батеријата полека се „полни“. Повеќе дрвја ќе се засадат во 2019 година.

Во меѓувреме е отворена и онлајн кампања на Ингигого, а дополнителни средства ќе бидат снабдени од концертот на Демијан Рајс што ќе се одржи на 19 мај.