Уметница создаде скулптура од рушевините од експлозијата во Бејрут

Скулптура на жена изработена од урнатини од експлозијата што се случи во август во пристаништето на Бејрут, создадена од либанската уметница Хајат Назер, од неодамна е поставена во главниот град на Либан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ~ V ~ (@hayat_nazer_v) on

Статуата е направена од скршено стакло, остатоци од згради и предмети од домаќинствата што биле уништени за време на експлозијата во која загинаа најмалку 200 лица и беа повредени илјадници на 4 август.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ~ V ~ (@hayat_nazer_v) on

Расипан часовник во близина на скулптурата покажува 18.08 часот, означувајќи го времето кога експлозијата го потресе градот.

Уметницата, пак, ја повика јавноста да смисли име за скулптурата.