Уметница и борец за слобода на изразување од Куба се кандидира за претседателка

Тања Бругера, кубанска уметница позната по тоа што ги поместува границите на слободниот говор во нејзините перформанси, ја најави својата кандидатура на претседателските избори во 2018 година. Воедно, ги охрабрува кубанските граѓани да го следат нејзиниот приумер и да се пријават самите.

Самопрогласената „артивистка“ направила видео изјава, обавена на 14 октомври, за време на Самитот за време на Creative Time Summit, годишна конференција за политиката и уметноста, која се одржува во Вашингтон.

„Ајде да ги искористиме изборите во 2018 година за да ја промениме културата на страв“, вели Бругера на почетокот од нејзиниот говор. „Ајде да ги искористиме изборите за да почнеме да размислуваме поразлично“.

Предлогот на Бругера е „граѓанска вежба“ со која сака да види што се случува кога граѓаните ќе претпостават максимално вложување во своите политички системи. Воедно, се надева дека проектот ќе помогне да изгради „Куба во која сите се главни, не само неколкумина“.

Бругера има историја на поддршка од луѓе надвор од Куба, како Аниш Капур и Хауард Хоџкин, кои беа дел од четиринаесеттемина кои протестираа минатата година после нејзиното апсење за #YoTambienExija, протест-перформанс против цензурата, одржан за време на протестите за укинување на ембаргото меѓу САД и Куба.

Куба е една од десетте земји со најголема цензура, според Комитетот за заштита на новинарите, така што на Бругера ќе ѝ треба многу труд да стигне до ушите на своите сограѓани, пишува Vice.

Сепак, таа вели дека е возбудена и нема да застане додека не ги натера Кубанците колективно да ги тестираат границите на нивниот политички систем, преку кандидатура.

„Ајде да почнеме да мислиме, „Што ако навистина ја имавме таа моќ? Кои би биле? Што би правеле? И тоа е тоа што ќе го побараме од оние кои се на власт“, вели Бругера во својот говор.