Ултиматум до Општина Тетово за реконструкција на Спортскиот центар

Граѓани от Тетово најава собир пред општинската зграда, во сабота (9 април) со кој ќе побараат конечна реконструкција на Спортскиот центар во Тетово.

„Доколку не започнете со реконструкција на спортскиот центар за 15 дена, самите ќе го окупираме и самите ќе си го реконструираме!“, се наведува во најавата за настанот.

Собирот е закажан во 11 часот, а организаторите ги повикуваат сите засегнати граѓани да излезат и заедно да го искажат својот револт.

„Со години се давиме и немаме вода во градов наш! Време е да почнеме од тоа што е основно и тоа што најмногу ни треба. Со години ни ветуваат дека ќе имаме убави терени за спортски активности, убав простор за рекреација на најмладите, пристојно катче во овој загаден, пренатрупан град, каде што често се случува да нема и вода. На моите соиграчи и мене ни дојде преку глава!“, се додава во најавата.