Улична дупка претворена во бара со крокодил во Индија

Фрустриран од огромна улична дупка во градот Бангалор, индискиот визуелен уметник Бадал Нанџундасвами се одлучил на оригинален чекор – тој создал верен модел на крокодил и го „населил“ во дупката, во своевидна уметничка интервенција во јавниот простор.

Властите цел месец не ја поправале речиси четириметарската дупка во улицата, а уметникот со ова сакал да ги натера да интервенираат. Тој потрошил околу 100 долари за да го направи моделот на крокодил, во природна големина.

https://www.facebook.com/royalbaadal

„Секој има потенцијал да се изрази себеси на свој сопствен начин. Ова е мојот начин да ја искомуницирам својата поплака“, изјавил Нанџундасвами откако го поставил крокодилот во неговиот нов „дом“ и ја обоил дупката со бои кои потсетуваат на мочуриште.

Улична дупка претворена во бара со крокодил во Индија

Дупката во улицата била создадена откако пукнала водоводна цевка, а се влошила со доаѓањето на сезонските монсунски дождови. Потегот на уметникот успеал – само еден ден подоцна, се појавиле работници за да ја пополнат огромната дупка на улицата.