Улична анкета: Жените го прекројуваат буџетот

Жените од Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Свети Николе и Битола во улога на градоначалнички, ќе добијат можност да го „прекројат“ општинскиот буџет за 2016, односно да кажат како да се потрошат парите од буџетот.

Кампањата започнува утре ( 11 март) во Дебар и ќе се одвива преку еден вид на улична анкета. Главна цел на кампањата е да го поттикне интересот на жените за тоа како и во чија корист се управува со локалните јавни финансии, појаснуваат од граѓанското здружение „Акција Здруженска“.

Ова е дел од третата мартовска кампања „Жените буџетираат!“ на „Акција Здруженска“, со која оваа организација алармира дека јавните финансии не смеат да бидат забранета зона за жените.