Уличен флеш моб денеска во Куманово

На плоштадот Нова Македонија во Куманово, денеска напладне, ќе се одржи уличен флеш моб.

Со настанот ќе се заокружи проектот Балкан Акција 2015 (Balkan Action 2015) кој Центарот за интеркултурен дијалог го имплементира во Македонија во соработка со CHRDS од Србиjа и Beyond Barriers од Албанија.

Проектот е работен на глобално ниво поради усвојувањето на Декларација за одржлив развој во периодот од 2015 – 2030, на ден 24-ти септември во Обединетите Нации. 2015-тата е круцијална година за делување во поглед на фактот дека ќе одлучиме каде сакаме да бидеме за петнаесетина години.

Досегашниот успех треба да се прослави, но не и да се затане тука, туку да се фокусира на заеедничко градење на едно одржливо општество.

На настанот е предвидено да учествуваат над 250 од нашите локални како и странски волонтери заедно со ученици од скоро сите средни училишта во градот кои преку драма перформанс, игра и песна, ќе го потикнат размислувањето на нашите граѓани за случувањата на глобално ниво со што креираме една развојна рамка за проектот во целина.