Украинските власти ја запленија првата пратка на ракија од Чернобил

1.500 шишиња алкохол од јаболка растени близу нуклеарните реактори во Чернобил, биле наменети за британскиот пазар, пренесува „Вајс“.

Украинските власти заплениле и конфискувале 1.500 шишиња „Атомик“ – ракија направена од јаболка растени близу нуклеарните реактори во Чернобил.

Професорот Џим Смит, кој ја основал алкохолната компанија неколку години откако работел во опасната зона, за локалните медиуми изјавил дека првата експериментална пратка од пијалокот „Атомик“ бил запленет од властите откако бил создаден во дестилерија во северна Украина. Пратката била наменета за достава до Велика Британија, но засега останува во рацете на киевските обвинители, од неразјаснети причини.

„Се чини дека тие нè обвинуваат поради лажни украински марки за извоз, но ова не е логично бидејќи шишињата се наменети за британскиот пазар и имаат соодветни британски марки за извоз“, изјавил тој.

„Чернобилската компанија за ракија прави сè за да ја достави пратката“, Елина Смирнова, адвокатката на компанијата, изјавила дека запленувањето ги крши украинските закони, при што ги обвини украинските власти дека намерно целат кон странски компании кои се обидуваат да создадат етички бизнис кој би ѝ помогнал на Украина.

„Делата на украинската полиција ја уништуваат репутацијата на Украина како отворена бизнис дестинација. Сè уште веруваме дека вистината ќе победи“, нагласила адвокатката Смирнова.

Професорот Смит и неговите колеги од истражувачкиот тим, кои престојувале во одделената зона во Чернобил се обидуваат да докажат дека многу реони, кои иако сè уште се сметаат за контанимирани од нуклеарната катастрофа од 1986, всушност не се опасни и се погодни за земјоделство и производство на безбедни производи.

„Многу делови од земјата сега се користат за одгледување на зеленчук и овошје кои се безбедни за јадење. Секој хемичар знае дека со дестилацијата на ферментирани зрна, потешките елементи остануваат во неупотребливите остатоци, па дестилираниот алкохол е порадиоактивно „чист“ за разлика од оригиналниот производ. Ние го користевме процесот на дестилација за да ја намалиме радиоактивноста во зрната и направиме чернобилски производ кои се надеваме дека луѓето ќе сакаат да го користат“, се вели во соопштението објавено на веб-страната на „Атомик“.

Јаболката кои се користат за да се направи ракијата „Атомик“ биле растени во реонот „Народични“, еден од сè уште населените реони кои биле најпогодени од катастрофата. Во реонот строго се забранува земјоделско производство, пренесува „БиБиСи“. Оригиналниот рецепт за ракијата користел житни зрна, па по вкус бил сличен со вотка.