Украина ги отстрани сите 1 320 статуи на Ленин

Украина ги отстрани сите 1 320 статуи на комунистичкиот револуционер Ленин, по обидот на државата да се ослободи од сите симболи на советската ера.

Спомениците од болшевичкиот лидер беа демонтирани во секој град, село и општина од владата која го симна од власт прорускиот претседател Виктор Јанукович пред три години.

Антисоветската иницијатива, која исто така нареди преименување на улиците и градовите, стана закон по одлука на претседателот Петро Порошенко во мај 2015 година.

Многу места се именувани по херои од Украина, иако улицата Ленин во Закарпатија, во западниот регион, беше преименувана во Ленон, како посвета на групата „Битлс“.

Володимир Вијатрович, директор на Институтот за национално сеќавање, потврди дека секоја статуа од Ленин е отстранета заедно со уште 1069 други советски споменици.

Но, и покрај оваа одлука, комунистичките споменици остануваат во источните делови на Украина, управувани од силите на Кремљ.