Украдени уште девет компјутери од две скопски училишта

Викедов се украдени девет компјутери се украдени од две училишта, едното во скопската населба Ченто, а второто во селото Копаница.

полиција

Како што соопшти полицијата, од вториот кат во основното училиште „Дрита“ во Копаница, биле украдени шест компјутери при што кога крадецот насилно влегол во објектот.

Уште три компјутери викендов се украдени од основното училиште „Крсте Мисирков“ на улицата Среќко Пужалка. И во оваа кражба, крадецот засега останува непознат за полицијата која трага по сторителите, информираат од МВР.