Украдени нотеси на Дарвин вратени во „Кембриџ“ со анонимна велигденска честитка

Два нотеси на Чарлс Дарвин кои се сметале за украдени, анонимно биле вратени во Универзитетската библиотека на „Кембриџ“ во розово кесе со испринтана порака. Спакувана во плико, пораката гласела „Библиотекару, честит Велигден“, пренесува „Гардијан“.

Бесценетите нотеси исчезнале во 2001 година.

По нотесите била организирана детална истрага и тие биле барани низ целата библиотека во Кембриџ, во која се складирани околу 10 милиони книги, мапи и разни текстови. Во 2020, нотесите на Дарвин и официјално биле воделе како украдени.

За украдените нотеси на Дарвин полицијата отворила истрага, а информиран бил и „Интерпол“. Библиотеката пак пуштила глобален апел за информации поврзани со кражбата. Една и пол година подоцна, нотесите – кои содржат белешки на Дарвин за неговата работа од 1837 година, биле анонимно вратени во библиотеката.

Нотесите биле оставени на подот во ходникот пред канцеларијата на библиотекарите на 9 март.

Нотесите не биле оштетени, а биле вратени во розово кесе за подароци. Во кесето имало и плико со испечатена порака – „Библиотекару, честит Велигден. Х“.

Џесика Гарднер, директорката на библиотеката која ги пријавила нотесите за изчезнати била во шок од нивното анонимно враќање.

„Сега нотесите повторно се дома, каде што припаѓаат, заедно со архивата на Дарвин на ‘Кембриџ“, кај што се и архивите со белешките на Исак Њутн и Стивен Хокинг“, изјавила таа.