Украдени шеесетина лап топи од училиште во Гази Баба

Училиштата повторно станаа мета на разбојници. Овој пат разбојникот украл 61 лап топ од основно училиште во скопската населба Гази Баба.

Според информациите на МВР, ноќта помеѓу 23 и 24 октомври се случила тешка кражба во основното училиште „Стив Наумов” во скопската општина Гази Баба.

Арамијата успеал да влезе во училиштето преку прозорец. Ги пребарал просториите, па од металните орманчиња во две училници украл 61 лап топ и полначи за нив и избегал.

Полицијата го бара крадецот и се проценува колкава е причинетата материјална штета.