Украдени 23 лаптопи од основно училиште во тетовско

Од основното училиште „Фан Ноли“ во тетовското село Озормиште се украдени 23 лаптопи . Тешката кражба е направена ноќта меѓу 31 март и први април, кога крадците насилно го отвориле металниот шкаф каде што биле сместени компјутерите.

Училиштата мета на крадци, учениците од село Батинци останаа без 36 компјутери

Заедно со лаптопите биле украдени и полначи за нив, како и 25 компјутерски глувчиња.

Како што информираа од тетовската полиција, засега непознатите крадци прво ја отвориле влезната врата на училиштето и се упатиле кон наставничката канцеларија каде што стоел шкафот со лаптопите.

Со одземените предмети, незабележани од никого, го напуштиле училиштето и полицијата се уште трага по нив.

Вкупната материјална штета се проценува на околу 5 илјади евра.