Украдени 18 лаптопи од основно училиште во Аеродром

Украдени се 18 лап-топ компјутери од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром. Како што соопшти МВР, кражбата е извршена во периодот од 8 до 11 мај годинава.

Сторителот се уште не и е познат на полицијата, а како што јавуваат од МВР, се преземаат мерки за негово пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.