Украдени 15 компјутери од скопското училиште „Панајот Гиновски“

Петнаесет компјутери со вредност од 4 000 евра, вчера се украдени од основното училиште „Панајот Гиновски“ во скопската општина Гази Баба.

Според полицијата, кражбата се случила на први април, во периодот од 20 – 06 часот кога крадец со употреба на физичка сила провалил во една од училниците и украл 15 компјутери.

Сторителот се уште не е познат, а од полицијата велат дека се преземаат мерки за негово пронаоѓање. Случајот во полиција го пријавила директорката на училиштето вчера изутрина.