Новинарот Зоран Божиновски излегува од притвор, соопшти Здружението на новинари на Македонија на својот Твитер профил.
Укинат притворот на новинарот Зоран Божиновски @zoranburevesnik , Македонија веќе не е на срамната листа каде има новинари во затвор! pic.twitter.com/lbrOP06Uu8
— ЗНМ (@znmsobranie) July 14, 2017
Од здружението велат дека Божиновски треба да излезе од притвор денеска, откако Кривичниот суд го прифатил барањето на Обвинителството за укинување на притворот.
„Македонија не е веќе на срамната листа каде има новинари во затвор“, напиша ЗНМ на Твитер.
Божиновски беше во притвор речиси три години, прво во екстрадициски притвор во Србија, а потоа во Македонија.
Од Здружението на новинари постојано апелираа дека „ослободувањето на Божиновски ќе ја одвои Македонија од групата на авторитарните земји во Европа, како што е Турција, Русија и Азербејџан, каде постојано се прогонуваат новинари“.