Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) важи за најстар и најголем универзитет во Македонија, но тој не е повеќе меѓу 2.000 најдобри во светот.
На ваквата ранг листа на Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR), каде први се Харвард, МИТ и Стенфорд, па потоа и Кембриџ и Оксфорд – до лани УКИМ беше рангиран на 1.990 место, од вкупно 21.000 универзитети во светот. На тоа место дојде во 2023 и 2024 година, по неколкугодишен пад.
Клучните елементи за рангирање на универзитетите се квалитетот на образованието (25 проценти), вработувањето на поранешните студенти, квалитетот на наставниот кадар, истражувачките перформанси, научните трудови, висококвалитетните публикации, влијанието и цитатите.
Според CWUR, консултантската организација што ја објавува ранг-листата на глобални универзитети од 2012 година, меѓу првите десет се образовни установи од САД и Велика Британија.

Извор: cwur.org
Истовремено, на последните 10 од вкупно 2.000 места се универзитети од Индија, Иран, Јужна Кореја, Кина, Бразил, САД и Турција.

Извор: cwur.org
Не е само Македонија, туку и Албанија, Косово, БиХ и Црна Гора ја пропуштија шансата да се најдат меѓу најдобрите образовни институции.
Што се однесува до останатите земји од регионот, на листата има универзитети од Србија, Хрватска, Хрватска, Грција и Бугарија. Дел од нив се искачија и меѓу првите 500 најдобро образовни институции во светот.
Универзитетот во Белград е позициониран на 387. место на табелата. На веб-страницата на CWUR е наведено дека Универзитетот во Белград е меѓу 1,9 проценти од најдобро рангираните високообразовни институции во светот. На листата има уште три универзитети од Србија коишто се рангирани во најдобрите 2.000. Тоа се Универзитетот од Нови САД на 1.121 позиција, Универзитетот од Крагуевац кој е рангиран на 156 место и Универзитетот од Ниш кој е на 1.812 место.
И два универзитети од Словенија се најдоа меѓу најдобрите – Универзитетот во Љубљана (440) и Универзитетот во Марибор (1.220). На листата најдобри има и три универзитети во Хрватска – во Загреб (516), Сплит (928) и во Риека (1.629). Грција со 11 универзитети се најде на листата од 287 до 1.918 место.
Бојан Шашевски