УКИМ им отстапува 40 илјади учебници на факултетите

Четириесет илјади примероци од учебници објавени со средства за издавачка дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе бидат отстапени на факултетите и институтите во состав на Универзитетот. Одлуката е донесена на последната, 172. седница на Скопскиот универзитет.

УКИМ отстапува 40 илјади учебници на факултетите
„На овој начин се презентира и афирмира творечкиот труд и научните достигнувања на кадровскиот потенцијал на УКИМ и се збогатува стручниот литературен фонд неопходен за студентите во текот на нивното студирање. Отстапувањето на учебниците на библиотеките на факултетите и институтите е без надоместок“,  информира УКИМ.