УКИМ го објави конкурсот за уписи на факултетите, слободни се 10 535 места

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска го објави Конкурсот за запишување студенти во прва година додипломски студии во идната академска 2016/2017 година.

Зза сите студиски програми на факултетите во состав на Скопскиот универзитет има вкупно 10.535 слободни места. Од нив 6 606 се за редовни студенти во државна квота, 2.819 места за редовни студенти со кофинансирање на студиите и 1.110 за вонредни студенти.

Редовните студенти плаќаат партиципација од 200 евра, односно 100 евра за дисперзирани студиски програми. За студиите со кофинансирање е предвидена партиципација од 100 до 400 евра, зависно од програмата.

Пријавувањето на кнадидатите во првиот уписен рок е на 18 и 19 август, вториот уписен рок е на 5 септември. На факултетите каде ќе останат слободни места е најавен и трет уписен рок на 15 септември.