УКИМ доделува 230 стипендии за бруцошите

УКИМ доделува 230 стипендии за бруцошитеУниверзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе додели стипендии на студентите запишани во прва година на прв циклус студии на факултетите при Универзитетот, во учебната 2013/2014 година.

Како што соопштија денеска од УКИМ, се предвидува за учебната 2013/2014 година да бидат доделени 230 стипендии, распоредени по 10 за секој факултет.

Износот на секоја стипендија е во висина на партиципацијата утврдена со Конкурсот за соодветниот факултет, односно за студиската програма. Стипендијата ја покрива школарината за првата година од студиите.